Заглавия на деня: Македонски вторник 12.04

Apr 12, 2011     zhelyo     2866
Днес е вторник - ден, измислен от македонците. Ето какви са основните теми в македонските електронни издания:

ШАМПИОНСКИ ТАНЦ НА ТРИЧКО И ГРНЕ (sport.com.mk)

Репрезентативците Иван Тричковски и Бобан Грнчаров се првите Македонци кои во сезоната 2010/2011 го чувствуваат шампионскиот танц. Триумфот на дерби натпреварот против Омонија, за АПОЕЛ, Тричковски и Грнчаров уште на четири кола до крајот на шампинатот и дефинитивно значеше осигурување на шампионскиот трофеј во првенството на Кипар.



Бекенбауер: Матеус е одличен тренер и би се справил во Баерн (sportdenes.com)

Почесниот претседател на Баерн Минхен и најголема легенда на германскиот фудбал Франц Бекенбауер смета дека Лотар Матеус е одличен кандидат за местото тренер на баварскиот гигант.

„Мислам дека Лотар е целосно способен да се справи. Тој може да го води тимот, уште повеќе дека Румениге и Хенес би го поддржале.“ - вели Бекенбауер во емисијата „Sky90“.
Корупциски скандал во полскиот фудбал!! (inpress.com.mk)

Полското обвинителството потврди дека поднело обвиненија против тринаесет фудбалери и посредници , кои се осомничени дека пред пет години за 25.000 евра го наместиле натпреварот за да изборат место во Купот на УЕФА.

Реал нудат 30 милиони евра и Гаго во замена за Де Роси (kanal77.com.mk)

Иако главниот дел од сезоната допрва е пред нив, во Реал Мадрид веќе по малку размислуваат и за следната сезона. Барем ако се суди според написите во шпанските медиуми. Шпанскиот дневник “Спорт” во своето денешно издание тврди дека Реал во летниот преоден рок е подготвен на Рома да и понуди 30 милиони евра и аргентинскиот играч за врска Фернандо Гаго во замена за Даниеле де Роси.

Челзи кај Манчестер ќе брка негатива од еден гол (dnevnik.com.mk)
По дуелите во Манчестер и Доњецк денеска ќе бидат познати првите полуфиналисти во Лигата на шампионите. Жестока борба ќе има на „Олд Трафорд“, каде домашниот Манчестер Јунајтед го пречекува Челзи со предност од 1-0 по првиот натпревар во Лондон.

Гомез верува дека може да се случи чудо на Вајт Харт Лејн (fudbal.com.mk)

Голманот на Тотенхем, Еурелио Гомез се надева на чудо на Вајт Харт Лејн во дуелот против Реал Мадрид.

Се чини на Тотенхем дека му преостанува само чесно да се прости од Лигата на Шампионите откако првиот натпревар против Реал Мадрид го загуби со убедливи 4-0.
Край