Заглавия на деня: Македонска сряда

Sep 21, 2011     zhelyo     3049
Сряда е и е време да погледнем към братските "медиуми" за поредната опияняваща порция от стил, езиков разкош и информационно обогатяване:

Жени и деца наместо хулигани на стадионите во Турција (видео) (vox.mk)
Турскиот фудбалски клуб Фенербахче бил казнет два натпревари на својот стадион да ги игра без публика, откако нивните навивачи влегоа на теренот за време на пријателскиот натпревар со Шахтјор Донецк.

Но, наместо да се игра пред празни трибини, турската фудбалска федерација одлучила да ги отвори портите на стадионот само за жени и деца под 12 годишна возраст.
Во вторникот планот бил неверојатно успешно реализиран. На стадионот дошле 41600 (!) жени и деца да го проследат дуелот на Фенербахче против Манисаспор. Се чекало ред за влез на стадионот, а многу од жените со бебиња в раце облечени во боите на Фенербахче, стрпливо чекале да влезат на стадионот.
Роналдо им покажа среден прст на навивачите (sportski.mk)
Најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо го изгуби трпението по константните навреди на навивачите на противничкиот тим.

 По доаѓањето во Сантандер каде денес неговиот клуб Реал Мадрид гостува на Расинг во рамките од 5-то коло на Примера, Роналдо се најде на мета на неколку домашни навивачи кои вербално го навредуваа.

 Славниот Португалец им одговори со покажување на среден прст.

Третолигаш го „испоти“ Арсенал (makedonija24.mk)
Арсенал никако да застане на цврсти нозе сезонава. Имаат лош почеток на Премиер лигата, а синоќа во Лига купот се изнамачија да дојдат до победа

Реал, сепак, веќе платил 60 милиони евра за Неимар (vecer.com.mk)
Супрѕвездата веќе го потпишал личниот договор и ќе добива плата од 7 милиони евра по сезона за секоја од 6-годиниот договор, што ќе биде офизијализиран во декември, по изборите за претседател на Сантос 

По контроверзните вести за трансферот на бразилската суперѕвезда Неимар, шпанскиот весник "Марка" објави дека Реал (М) ја финализирал зделката со напаѓачот на Сантос. Весникот, за кој се смета дека е најдобро иноформира за работите во кралскиот клуб, е категоричен дека договорот е веќе парафиран.

Викенд-камбек за Ибрахимовиќ (kurir.mk)
Швеѓанецот би требал порано од очекуваното да се врати на теренот и да биде дел од составот на „росонерите“ за дуелот со Чезена.

Според La Gazzetta dello Sport. Златан Ибрахимовиќ својот камбек во тимот на Милан би требал да го има претстојниов викенд, кога на Сан Сиро гостува екипата на Чезена. По здобивањето со повредата на еден тренинг пред дуелот со Барселона на Ноу Камп, се очекуваше напаѓачот да наузира најмалку две недели.
Край