Заглавия на деня: 16.03 - Македонска сряда

Mar 16, 2011     zhelyo     2512
Сряда е включително и в Македония, където футболът е измислен, наред с всичко останало, включително самото измисляне на неща. Ето с какви заглавия ни радват днес братята:

Челзи веќе во четвртфиналето? (Курир)

По убедливата и лесна победа во првата средба во Копенхаген, малкумина веруваат дека Челзи може да го испушти од раце пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите.
Реал ќе изгуби 25м евра ако биде елиминиран вечерва (Спорт Денес)

Реал Мадид ќе загуби најмалку 25 милиони евра од наградниот фонд на УЕФА, ако се биде елиминиран во Лигата на Шампионите уште во 1/8-финалето за 7-а година по ред, загрижени се локалните медиуми.

Ренова нокаутирана во последните минути (Утрински весник)

Околу 500 „заспани гледачи“ разочарани од прикажаната игра на дерби мечот меѓу Металург и Ренова (2:0), кога веќе почнаа да ги напуштаат трибините, се „разбудија“ дури во последните минути од натпреварот кога домаќините почнаа да ги слават трите драгоцени бода.

Официјално: Шалке го отпушти Магат (спортски.мк)
Феликс Магата повеќе не е тренер на Шалке, откако германскиот клуб официјално соопшти дека се разделил со 57-годишниот стретег.

Нани твитна ’љубов’ кон Манчестер Јунајтед (24фудбал.ком.мк)

Нани преку својот Твитер профил ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Манчестер Јунајтед, инсистирајќи дека останува ’заљубен’ во клубот.

Вчера во медиумите од Англија и Италија проструи информацијата дека Нани побарал од своите агенти да му пронајдат ангажман во Серија А.

Се говореше дека португалскиот интернационалец посакал нов предизвик и желба за заминување од Олд Трафорд по крајот на сезоната.
Но Нани преку својот Твитер профил денеска го негираше сето тоа.

Тој постираше: “Видов некои лажни извештаи во медиумите. Сакам да знаете дека од мене ќе ја слушнете вистината.”

“Го сакам Манчестер Јунајтед.”

Јапонија го откажува учеството во Копа Америка ? (Канал 77)

Страшниот земјотрес кој ја погоди Јапонија би можел да ја принуди нивната фудбалска репрезентација да се откаже од учеството на Копа Америка оваа година.
Галас заработи повреда на тренинг (24фудбал.ком.мк)

Вилијам Галас се повреди на тренинг, дефанзивецот на Тотенхем би можел еден месец да биде надвор од терените.

Францускиот интернационалец заработил повреда на задната ложа за време на тренинг на Тотенхем.
Край