Заглавия на деня: 02.03 - Македонска сряда

Mar 2, 2011     zhelyo     3198
Ето, че и днешният футболен ден премина, без да разберем кой има най-големи шансове да спечели футбола тази седмица. Въпреки това търсенето продължава, а днес прегледът на печата ни отведе в Македония:

Најскап претплатнички билет (www.sportsko.info)

Англискиот третолигаш Питерборо соопшти дека на 7-ми март ќе бидат пуштени во продажба годишните билети чија цена е 15 000 фунти, што најверојатно ги прави најскапи на светот...


Платини бара пет судии на ЕП 2012 (tocka.com.mk)

Претседателот на УЕФА, во желба крупните судиски грешки од СП 2010 во Јужна Африка да не се повторуваат, побара мечевите на ЕП во фудбал 2012 година во Полска и Украина да ги судат по петмина судии.

Мексес му кажа ДА на Милан за следните 4 години (www.sportski.mk)

Медиумите во Италија се категорични и јавуваат дека Филип Мексес по крајот на сезоната ќе се пресели во Милан и ќе го носи дресот на „росонерите“ во следните 4 години.
Јунајтед го мерка Нојер (www.kurir.mk)

Германскиот бундеслигаш Шалке 04, потврди дека Манчестер Јунајтед се распрашува за нивниот голман Мануел Нојер.

Во јуни Бразил и Романија ќе одиграат проштален натпревар на Роналдо (24fudbal.com.mk)

Роналдо во јуни уште еднаш за последен пат ќе го облече дресот на Бразил во проштален натпревар против Романија

Фелаини во аут до крај на сезоната (www.sportdenes.com)
Играчот за врска на Евертон Маруан Фелаини нема да може да игра повеќе за „карамелите“ оваа сезона. Белгискиот репрезентативец има проблеми со глуждот и ќе претрпи операција во текот на следната недела. Фудбалерот страда од повредата речиси во целата сезона, но до натпреварот со Сандерленд во саботата тој можеше да игра со неа.

Шпански медиуми: Мурињо е плачко! (www.netpress.com.mk)

"Ас" пренесува дека повеќе никој не се плаши од Мурињо. "Ако се вратиме во јуни, имаше многу загрижени во Каталонија, кога ја прифати понудата од Реал" констатира мадридскиот дневен весник.
Край